На 20- ти декември, во амфитеатарот на Универзитетот за информатички науки и технологии Свети Апостол Павле ќе биде извршена презентацијата на која ќе биде прикажана работата на Првиот македонски супер компјутер.

Работата на супер компјутерот ќе ја означи Министерот за информатичко општество Иво Ивановски и Ректорот на Универзитетот проф.д-р. Благоја Самакоски.


Суперкомпјутер го изработија младите докторанти од универзитетот во соработка со студентите. Станува збор за компјутер со брзина на обработка на податоците од 3. 000 милиони операции во секунда, а кој чини помалку од цената на еден просечен автомобил. Кластерот е составен од неколку поврзани компјутери, кои за разлика од другите, содржат поголем број процесори. Секој работи засебно на свој дел од зададаената задача и на крај се вади заеднички резултат.

OhridNews