Министерот Јанакиески и градоначалникот Илиески разговарале за имплементацијата на проектот со кој е предвидено целосно да се изгради канализацискиот систем во Вевчани, за кој се предвидени средства во износ од 6.000.000 денари. Со имплементирањето на овој проект ќе се овозможи решавање на едно значајно прашање од областа на комуналната инфраструктура во општината.
На средбата станало збор и за големиот број бесправно изградени градби во општината. Министерот Јанакиески побарал општината да биде подготвена за спроведување на одредбите предвидени со предложениот Закон за постапување со бесправно изградени градби, откако истиот ќе биде усвоен од страна на Собранието на Република Македонија. На средбата било констатирано дека со утврдувањето на правниот статус на објектите, ќе се овозможи дополнителен инфраструктурен развој на земјиштето.
Министерот Јанакиески во посета на Вевчани
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com