Министерот за образование и наука Панче Кралев денеска ќе ги посети учесниците на Кампот на мултикултура кој од 29 септември до 5 октомври се одржува во хотелот Турист – Метропол.

Во кампот учествуваат над 90 ученици од осум општини во Македонија, а е дел од проектот за мултиетничко образование, поддржан од Амбасадата на Кралството Норвешка.

Учесниците во кампот имаат можност да се запознаат со културата, јазикот и традициите и обичаите на заедниците кои живеат во Македонија,  како и меѓусебно да се дружат преку бројните организирани работилници во кампот.

OhridNews