Во текот на утрешниот ден, министерот за образование и наука Спиро Ристовски заедно со охридскиот градоначалник ќе го посетат училиштето „Живко Чинго“ во селото Велгошти, каде во тек се активностите за санацијата на овој објект, како дел од проектот на ресорното министерство за комплетната реконструкција и санација на 24 училишта ширум земјава.
Претходно, градоначалникот Бакрачески заедно со директорот на Агенцијата за патишта, Љупчо Ѓоргиески, ќе ги посетат селата Рача и Коњско, каде за оваа година се предвидени неколку проекти.
OhridNews