Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, утре 28-ми октомври, понеделник, ќе оствари работна посета на Охрид и охридскиот регион.
Како што е предвидено, министерот Спасовски, најпрво ќе ја посети полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ и сообраќајната полиција, каде што ќе оствари работни средби со раководството.
Во 11 часот, министерот ќе ја посети полициската станица за граничен надзор „Свети Наум“, а потоа ќе замине за општина Вевчани каде ќе оствари средба со градоначалникот, Сашо Јанкоски.
OhridNews












