Mинистерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денеска ќе престојува во работна посета на општина Охрид.

Предвидено е тој да учествува на презентацијата и јавната трибина со претставници на бизнис заедницата од општината за активностите предвидени во рамки на четвртата фаза од регулаторната гилотина – „Предност за малите” претпријатија.

Попладнето министерот Ивановски свечено ќе ја отвори 23-тата Синдикална школа на Синдикатот на УПОЗ, што се одржува во хотелот Славија Спектар.

OhridNews