На градското пристаниште во Охрид, денеска, Министерот за одбрана Зоран Јолевски и светски познатиот музички уметник Владимир Четкар, ќе се потурат со ледени кофи, во знак на подршка на глобалната кампања за борбата против болеста Амиотрофична Латерална Склероза (АЛС). Тие го прифаќаат предизвикот на Филип Јолевски, синот на министерот Зоран Јолевски.
И двајцата денеска ќе предизвикаат нови личности од светската политичка и уметничка сцена да ја дадат својата подршка во борбата против оваа болест.
OhridNews