Освен во Охрид монтажните објекти ќе се поставуваат уште во 13 други општини во земјава, меѓу кои и во Струга.
Од министерството за култура информираат дека монтажните објекти сеуште не се изградени и поставени и затоа огласот за нивно издавање под закуп се распишува неколку месеци пред нивното поставување. Периодот на закуп на монтажните објекти изнесува 5 години, а по истекот на овој период тие треба да се вратат во владение на Министерството за култура. Дали монтажните објекти ќе бидат поставени на предвидените локации, зависи од тоа дали Министерството за култура ќе обезбеди одобрение од општините за поставување на оваа урбана опрема.
Јавното наддавање за давање под закуп на објектите ќе се оддржи во просториите на Министерство за култура, на 15- ти февруари.