Mинистерот за здравство Бујар Османи му наложи на директорот на болницата „Св. Еразмо“ времено да бидат суспендирани дежурните медицински лица, кои биле на смена кога се случил пожарот во кој загина пациент, се до завршување на истрагата.

Во соопштението за јавност на Министертството за здравство се наведува дека првичните сознанија говорат дека се работи за несреќен случај и дека брзата реакција на медицинскиот персонал спречила поголема катастрофа, ширење на пожарот кај другите пациенти во собата, но и пошироко низ целата болница.

Несреќата се случила додека пациентите спиеле. Вработените веднаш реагирале и со противпожарни апарати го изгаснале пожарот, но не успеле да го спасат пациентот кој им подлегнал на изгорениците што ги здобил на главата.  Пациентот три години бил континуирано хоспитализиран во болницата.-стои во соопштението

Увид на местото на инцидентот изврши екипа на СВР Охрид, а причините за настапувањето на смртта ќе се утврдат по обдукцијата врз телото на загинатиот, се наведува во соопштението од Министерството за здравство, кое најави дека инцидентот ќе биде предмет на анализа на специјална Комисија.

OhridNews