Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и претседалот на Здружението на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија – АДКОМ, Пеце Милевски потпишаа Меморандум за соработка со кој ja потврдија соработката меѓу двете институции, информираат од Министерствотот.

Министерството за животна средина и просторно планирање и АДКОМ се долгогодишни партнери со заеднички утврден интерес за остварување на меѓусебна соработка, изразена преку размена на стручни и апликативни мислења и практики од областа на управувањето со водите и отпадот. Потпирајќи се врз правната рамка со која се регулираат надлежностите, МЖСПП и АДКОМ го потпишаа овој Меморандум, продолжувајќи ги заложбите за унапредување на квалитетот, ефикасноста и одржливоста во испорачувањето на јавните комунални услуги во Република Северна Македонија, велат во соопштението.

Меморандумот за соработка, додаваат, беше потпишан во рамки на дводневниот настан „Денови на комунални услуги“ што се одржуваат вчера и денес во организација на АДКОМ во Охрид со цел поблиско запознавање со работата, успесите, секојдневието, но и проблемите во работењето на Јавните комунални претпијатија.

OhridNews