Од министерството за култура велат дека се задоволни од бројот на кандидати кои се пријавиле на вториот распишан конкурс за избор на директор на Националната установа фестивалот “ Охридско лето”, кој заврши минатата недела. При тоа не сакаат да откријат колкав е бројот на пријавените кандидати, ниту кои се нивните имиња.

Потенцираат дека постапката при изборот е иста како и при првиот распишан конкурс. Посебно формирана комисија при Министерството за култура ги разгледува и оценува кандидатурите на пријавените, со цел да се обрне поголемо внимание на програмите на сите кандидати. Комисијата по разгледувањето на  пристигнатите програми, врши селекција, а при тоа ги оценува и стручните квалитети и искуство на кандидатите. Комисијата е должна своето мислење да го достави до министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, по што ќе следува интервју со кандидатите и носење на конечната одлука.

OhridNews