Денеска министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ поднесоа оставки на функциите во Владата на Република Македонија.
– Доколку Собранието се распушти, односно доколку се одлучи да се применува Одлуката на Собранието на Р.Македонија, донесена на 23 февруари, со којашто се врши изменување на Одлуката за распуштање на Собранието донесена на 18 јануари 2016 година, бараме оставките претходно да се констатираат, велат од СДСМ.
Нагласуваат дека според Договорот од Пржино, министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ се дел од Владата којашто согласно договорот од 2 јуни 2015 и Протоколот кон Договорот од 15 јули 2015 година, е формирана со цел организирање фер и кредибилни избори, откако ќе бидат исполнети сите услови и точки од тој Договор.
OhridNews