Според министерот за правда, Валдет Џафери, кој е кадар на ДУИ, речиси сите министри од партијата, која партиципираат во техничката влада на ВМРО-ДПМНЕ, чекаат зелено светло од лидерот Ахмети за да дадат оставка. Информацијата ја пренесува ТВ21, јавува „Макфакс“.
Со ставот на еден од младите кадри на ДУИ, не се согласува Невзат Бејта, еден од постарите колеги. Дали ова е капак на се поголемата рашомонијада во стопираниот демократски процес , на нефорирање влада на мнозинството предводено од СДСМ?!
“Доколку таква одлука се донесе од претседателот Ахмети и раководството на ДУИ, секако дека ќе поддржиме еден став. Целата оваа ситуација што поскоро да се реши и да се врати во нормална функционирањето на нашата држава“, изјави Валдет Џафери за ТВ21..
Според него и останатите министри од ДУИ кои во моментов се дел од извршната власт, истото го мислат. Тие се подготвени да поднесат остакви, но за тоа чекаат „зелено светло“ од Мала Речица, односно од лидерот Али Ахмети.
Од друга страна, потпретседателот на ДУИ Невзат Бејта тврди дека евентуалните оставки би биле залудни, бидејќи во моментов не е конституирано Собранието. Тоа значи дека Законодавниот дом не би можел да ги констатира оставките.
Втората причина поради која Бејта е против оставки, е тоа што не сака целата власт да му ја остави на Никола Груевски и ВМРО-ДМНЕ, кои според него ја втурнале државата во криза.
OhridNews