Речиси во сите краеви на земјата утрово се измерени минусни температури. Најстудено било во Маврово -6, во Крушево и Берово – 5, Струмица -1. Во Охрид утрово измерени се 0 степени.

До крајот на денот не очекува променливо облачно време, во југозападните делови ќе има повремен снег со слаб до умерен интензитет, особено претпладне. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува и умерен северен ветер. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 2 степена Целзиусови.

Во петок и за време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст, особено во сабота. Во недела кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста, а нови врнежи се очекуваат од почетокот на наредната недела, информира УХМР Македонија.

OhridNews