Утрово во Охрид се измерени -2 степени Целзиусови. Како што информираше УХМР, најстудено утрово во 7 часот било во Маврово и Крушево со -6,  Берово -5,  Кр. Паланка -4, Пожаране и Битола – 3, во Тополчани, Виница, Ѓуриште, Охрид, Прилеп, Штип, Скопје Петровец -2, во Претор, Струмица, Д. Капија – 1, нула степени во Куманово, 1 во Скопје и 3 во Гевгелија и Дојран.

Во текот на денот ќе преовладува сончево со умерена облачност. На места ќе има преодно зголемување на облачноста. Ќе дува слаб, а попладне вдолж Повардарието умерен северен ветер.

И утре минималната температура во некои места ќе се спуштат под нула. Попладне во северните делови ќе има краткотраен слаб дожд, а на планините слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, кој вдолж Повардарието и во Пелагонија повремено ќе се засилува..Од понеделник, под влијание на јужно воздушно струење ќе преовладува стабилно, суво и топло време со пораст на утринската и дневната температура, соопшти УХМР Македонија.

OhridNews