Охридските атлетичари Славчо Мирчески и Мартина Мироска со победи во својата дисциплина скок во далечина во Скопје ја отворија новата атлетска сезона.
Кандидатите за Олимписките игри во Рио, Мирчевски и Мироска веднаш заминаа за црногорскиот град Бар каде ќе се подготвуваат десет дена.
Подготовките во Бар ќе завршат со меѓународниот атлетски митинг на кој ќе учествуваат атлетичари од целиот Балкан.
OhridNews