Операторот на погребални услуги “Мирен Сон ” – Охрид се одзва на апелот за помош на семејството Јанакиеви од Радовиш , кои немале средства да го донесат покојникот од Грција. Во текот на вчерашниот ден претпријатието стапило во контакт со претставници од општина Радовиш и понудило помош во репатријацијата на покојниот.
Утринава едно од возилата на “Мирен Сон” замина за Грција за да го преземе телото на покојниот и бесплатно да го пренесе до домот во Радовиш.












