Од ” Мирен сон” тоа го поткрепуваат со претходно доставеното решение од Комисија за заштита на конкуренцијата на РМ со кое му се забранува на ЈП “Охридски Комуналец”, за истата цел, да собира средства на име “солидарен погреб” и дека таква наплата не може да се воведе без разлика дали е со или без согласност од граѓаните.
– Уште еднаш јавно апелираме до советниците дека изгласувањето на предлог- одлуката би значело дополнително оптеретување на граѓаните со незаконски надоместок “солидарен пакет – погребални услуги ” , бидејќи со тоа се крши Законот за гробишта и погребални услуги на РМ , Законот за заштита на конкуренцијата на РМ, се контролира и затвора слободниот пазар на штета на граѓаните, се остварува екстра профит за организаторот и се создава монопол, велат од ова претпријатие.
Од таму додаваат дека ваквите тврдења ги поткрепуваат со документ од Државниот комунален инспекторат , како надлежен за спроведување на Законот за гробишта и погребални услуги, во кој стои дека таква форма на надоместок – “солидарен пакет – погребални услуги ” не постои во Законот за гробишта и погребални услуги како примарен закон во оваа дејност.