Вучиниќ од Рома премина во редовите на Јувентус. На контото на Рома ќе
легнат 15 милиони евра, додека напаѓачот се обврза нa четири годишна
верност за која ќе добива по 3,5 милиони евра годишно.
Капитенот на Црна Гора Вучиниќ во Рома дојде од Лече, во 2006 година, за
3,3 милиони евра. За тимот од главниот град на Италија во Серија А
одигра 147 меча постигнувајќи 45 гола. Освои еден италијански куп и еден супер куп.