Младиот состав на Прилеп беше немоќен да одговори на охридска супериорност и претрпе пораз изразен со осум голови разлика. Гостите немаа одговор за одбраната, како и за контрите на охридскиот состав, кој ја забележа петтата победа во серија.

– Физичката спремност пресуди во овој натпревар. Порај тоа одигравме агресивна одбрана што резултираше со малку примени погодоци и убедлива победа. Одбраната заедно со контрите ни носи радости во втората полусезона, така и ќе продолжиме – рече левото крило, Крсте Андоновски.

Во втората полусезона засилувањето Никола Мирков максимално ја користи довербата која му ја укажува тренерот Андовски. Тој на мечот со прилепчани постигна седум погодоци, кои голем дел беа од голема далечина.

– Ми тргна шутот од далечина, што го искористив максимално, а и отворив многу простор за останатите играчи. Продолжуваме понатаму и нека оваа победничка серија потрае што подолго –
посочи Мирков.

Мх.П.