Во отсуство на Кирил Лазаров, Филип Миркуловски ја презеде комплетно одговорноста и ја водеше Македонија на мечот со Чешка. Чесите после драматична завршница во која Македонија не реализираше пенал за егал дојдоа до победата (26-25). Поразот од Чешка значи крај на сите надежи за Македонија за пласман во ТОП 4 на стариот континент.

– До самиот финиш игравме добро, а имавме и водство. Паднавме поради неискуството и грешките кои ги направивме. Имавме голема шанса и вистинска штета што не ја искористивме. Се беше на наша страна публиката, квалитетот, среќата, но не и карактерот кој победува некогаш. Години наназад сме на добар пат, но никако да го направиме финалниот чекор. Утре не очекувам меч со Данска, ќе одиграме максимално колку што се може после вака изгубен натпревар и шанса на нашите кариери. – изјави Филип Миркуловски.

Во последната рунда која на програмата е утре Македонија ќе се сретне со Данска која е лидер на табелата со шест бодови.

OhridNews