Пред четвртфинанлната ждрепка од таборот на Металург посакуваа за противник да им се падне Киелце. Тоа и се случи полскиот првак е пречката за пласман во најдобрите четири во Лигата на Шампиони.


– Екипата на Киелце беше најпосакуван ривал во 1/4 финалето. Тие се квалитетна екипа и моќен состав, ние не треба да се преценуваме и да се ставаме како фаворити во овој дуел. Одигравме два натпревари со нив бевме на чекор од победата, но нивното искуство и нашите грешки си го направија своето. Притисокот ќе биде на нивна страна, првиот натпревар го играме дома и ако оствариме и минална предност ќе се обидеме да ја одбраниме во Полска –
истакна Филип Миркуловски.

Со елиминација на Киелце, Металург ќе обезбеди пласман во “фајнл фор“ завршница која се игра во Келн, Германија.

Мх.П.