Некогашниот бек на Металург, Филип Миркуловски подготвен е да направи „кам-бек“ во македонската селекција и да настапи на Мундијалот во Франција.


Членот на Вецлар се најде на поширокиот список од селекторот Лино Червар кој пак ги изостави староседелците Борко Ристовски, Ацо Јоноски и натурализираниот Немања Прибак.

– Подготвен сум да помогнам. Никогаш не би ја оставил Македонија на цедило. Сега сум во подобра форма, сепак без еуфорија јас се наоѓам на поширокиот список. – изјави Миркуловски.

Популарниот „Жути“ од националниот дрес се прости после бараж двомечот со Чешка по кој обезбеди Македонија пласман на Мундијалот во Франција.

OhridNews