Откако го добија двомечот со Вардар во Супер лигата ракометарите на Металург се фокусираа на престојните предизвици во Купот на Македонија. Металург е актуелен првак и ако успее да ја одбрани титулата во Охрид ќе се закити со двојна круна.

На патот до финалето на „металурзите“ им стои Зомимак, а таму ги очекува победникот од дуелот Вардар – Тинекс Пролет.
– Одиме чекор по чекор и натпревар по натпревар. Но, во квалитетот моментално има голема разлика и мислам со Вардар во финалето тоа ќе биде одличен натпревар гледање и играње секако – заврши Миркуловски.
Мх.П.










