Мирна новогодишна ноќ во Охрид посочуваат од службите. Во споредба со изминатите години ноќта помина подобро во однос на пијанства, тепачки, а немало ни сообраќајни несреќи, велат од Брзата помош во Охрид.

Имало неколку случаи на алкохолизирани малолетни лица, па апелот е дека треба малку повеќе да се внимава на нив. Поголем број пациенти со висока температура побараа помош што асоцира на знаци на некоја инфекција, било вирусна или бактериска, а со оглед и на Ковид пандемијата треба да се внимава и да се почитуваат Ковид мерките. И екипата на плоштад што била дежурна во текот на ноќта не бележи многу интевенции, информираат од Брза помош.

И во однос на безбедноста не се забележани нарушувања на јавниот ред и мир инфомираат од СВР Охрид.

Новогодишната ноќ во Охрид и Струга мина без нарушување на јавниот ред и мир, како и без сообраќајни несреќи. Во текот на ноќта исклучени од сообраќај биле 5 возачи, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Синоќа, пак, градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков ги посети дежурните служби.

Синоќа, ги посетив и им ја честитав Новата година на дежурните служби кои се грижеа за нашата безбедност и здравје во празнината ноќ, СВР Охрид, Територијалната противпожарна единица и Брза помош Охрид, напиша Пецаков на фејсбук профилот.

Н.С.Ј.