Минатата ноќ, како што информираат од Општата болница поминала мирно и без голем број интервенции. Во дневната болница во текот на ноќта биле примени 5 лица во алкохолизирана состојба на кои им била дадена инфузија, по што биле пратени на домашна нега.

Од Итната служба нагласуваат дека, споредено со изминатите години, се задоволни во однос на извршените интервенции во текот на ноќта. Регистрирани се 8 повици, извршени 40 прегледи- најголемиот број од нив поради покачен крвен притисок. Во алкохолизирана состојба примени се само две лица. 

OhridNews