Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива без забрани и ограничувања, по наместа влажни коловози. Поради ниските температури, можна е појава на голомразица на планинските и осојничави места, поради што на возачите им се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација, информираат од АМСМ.

Во првиот ден од Новата година во Охрид регистрирана е една сообраќајна незгода што се случила утрово околу 8:40 часот кај селото Подмоље. За среќа незгодата минала без поголеми последици, а единственото лица повредено во сообраќајката е префрлено на лекување во болницата за ортопедија и трауматологија  „Свети Еразмо“.

OhridNews