По повод 50 години од првата македонска филмска комедија „Мирно лето“ во режија на Димитрие  Османли, филмот вечерва ќе биде прикажан во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, градот кој е тема и инспирација на филмот.

Благодарение на соработката и поддршката од Вардар филм, Фестивалот Охридско лето и Битфест  со ова одбележување на 50 годишниот јубилеј на филмот Мирно лето, Кинотеката на Македонија ја продолжува својата улога на заштита и презентација на македонското филмско културно наследство и негово доближување до публиката, односно трајните вредности на првата македонска филмска комедија да се пласираат на помладите, а постарите да се потсетат на неа, соопшти Кинотеката на Македонија.

Проекцијата на „Мирно лето“ што ја овозможи фестивалот „Охридско лето“, започнува во 21 часот.

OhridNews