Избраниците на Лоран Блан од првата минута ја имаа топката во свои нозе но безопасно кружеа пред организираната одбрана на англичаните.
Првата посериозна прилика ја имаше Англија, Милнер избегна офсајд стапица го помина Лорис но биеше покрај голот. Токму над Милнер, Евра направи прекршок на 30 метри од голот на Франција. Капитенот на Англија, Џерард нафрли а највисок во скокот беше Лескот кој ја “закова“ топката во голот.
Примениот погодок не ја разниша француската игра. До крајот на првиот дел Франција успеа да го најде патот до противничката мрежа. Малуда и Рибери одлично искомбинираа и направија место за Насри кој шутираше прецизно изедначувајќи го резултатот.
Во вториот дел не се промена сликата на теренот. Ни една од репрезентациите не загриза за трите бода на оваа средба а гледачите во Доњецк останаа сиромашни за надигрување на селекциите кои се вбројуваат за “тивки“ фаворити.
Франција и Англија во второто коло победи ќе бркаат против домаќинот Украина односно Шведска.