Во пријателски натпревар попладнево во градот Сандански, селекциите на Бугарија и Македонија до 21г. одиграа без голови 0-0. Според информациите од Стручниот штаб на нашата репрезентација натпреварот го одбележала слабата арбитража на бугарската судиска тројка која ги исклучила домашниот играч Мечев и нашиот репрезентативец Несторовски.


По овој натпревар македонската експедиција ја очекува заминувањето за Австрија каде на 11. Јуни во градот Илц ќе одиграат контролен натпревар со соодветната селекција на Саудиска Арабија.

“извор ФФМ“
Ohridnews