Андреа Меза – Мис Мексико беше крунисана за Мис на Универзумот вчеравечер на гламурознatа свеченост што се одржа во казино-хотелот „Хард рок“ на Флорида (САД). Таа го освои првото место, пред претставничките на Бразил и Перу.

Облечена во светлоцрвен вечерен фустан, Меза се расплака додека одеше на модната писта, по круната. Таа победи во конкуренција на над 70 натпреварувачки од цел свет.
Неколку дена пред финалето, Мис Мјанмар, Тузар Винт Левин, која влезе во првите 21 убавица, го искористи своето време за да го сврти вниманието кон превратот во нејзината земја.
Нашиот народ умира и секој ден е стрелан од војската. Затоа би сакала да ги повикам сите да зборуваат за Мјанмар, рече таа во биографското видео што го покажува нејзиното лично учество во демократските протести против превратот.
Таа исто така ја освои наградата за најдобра национална носија. За време на овој натпреварувачки дел, таа носеше носија украсена со монистра во традиционален бурмански стил, со натпис „Моли се за Мјанмар“.
OhridNews











