Јапонката Миса е од Токио и е вистински вљубеник во Охрид. Тука е четврти пат и сосема солидно го зборува македонскиот јазик. Вели дека го научила од книги и речник.

Миса од Токио заљубена во Охрид
Жали што не и се погоди времето за празничниот викенд, бидејќи многу сака да шета кај Канео и да пие кафе на некоја од терасите во центарот на градот.

Лошото време сепак не ја спречи Миса да ја направи својата вообичаена прошетка низ Охрид.












