Минатата туристичка сезона треба да ни послужи како поука за во иднина како угостители да не ги правиме истите грешки и пропусти, вели претседателот на здружението на охридските угостители, Михаил Мишев.
– Лошите временски услови не треба да се пресудни за бројот на гости кои ќе ги имаме. Доколку имавме претходно подобро сработени стратегии и бевме подобро подготвени, минатата летна сезона мислам дека немаше да сме толку затечени со лошите временски услови, вели Мишев.
Тој додава дека годината која измина треба да претставува поттик за размислување за охридските туристички работници и угостители како квалитативно да се подобри угостителската понуда во градот и регионот.
– Се надевам дека ќе бидеме доволно доблесни направените грешки и пропусти да ги поправиме и во 2015 со повеќе успех и среќа да придонесеме и направиме се за да се подобри климата во нашиот сектор, потенцира Мишев.
Како приоритети во 2015 година, претседателот на здруженитето на угостители ги наведува подобрувањето на понудата и поголемото и посолидно умрежување со организации кои се бават со туризам и угостителство на едно повисоко ниво. Смета дека единствено со поголема организација на повисоко ниво може да се очекуваат посолидни резултати.
Мишев потенцира дека внесувањето новини во работењето треба да е неизоставен дел од понудата во градот,бидејќи се покажало дека со стара слава и предрасуди не може да се оди напред и развива туризмот согласно новите и современи теркови.
OhridNews