Во врска со одржаната прес конференција на општинската СДСМ, реакција и од менаџментот на јавното претпријатие „Билјанини извори“. Во него се навдеува дека портпаролот на СДСМ со прес конференцијата на која зборува за празни терени за тенис, на минусни температури во месец јануари, уште еднаш докажал дека оваа партија во отсуство на проекти и конректни решенија, во јавноста одржува несекојдневна и чудна прес конференција.
– Нејасно е зошто Мишел Наумоски се чуди на празните тениски терени, кога и самиот знае дека е месец јануари, и сигурно и тој знае дека температурите се под нула. Што се однесува до изградбата на затворениот пливачки базен, нејасно е дали портпаролот Мишел Наумоски не го гледа тоа што сите граѓани го гледаат. Градбата на покриениот базен тече според планираното, а тоа што тој го нарекува неколку железни цевки, е цела метална конструкција на темелната подлога која е во завршна фаза на градба. Од кога на власт се ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески, на СРЦ Билјанини Извори се изгради терен на вештачка трева, три тениски терени, едно повеќенаменско игралиште и започна градбата на покриениот базен, вели директорот на јавното претпријатие, Ристе Мишев.
Мишев оддава дека сето тоа е реалност и дека граѓаните тоа го гледаат, за разлика од тоа што го гледале кога партијата СДСМ го менаџирала спортскиот центар. Како што вели Мишев, во тој период вработените не примале по 5 месеци плата и единствено нешто што се зголемувало , биле долговите за даноци, плати и струја, како и сметките направени во охридските кафеани.