Организаторите на избор за убавина во Порторико истражуваат прав филмски случај на саботажа откако натпреварувачката Ингрид Марија Ривера на бината се појавила со непријатни црвени пликови по лицето и телото. Во нејзиниот фустан и сетот за шминкање пронајдени се хемикалии од спреј за самоодбрана што наведува на тоа дека некој на необичен начин се потрудил да ја отстрани од натпреварувањето. Што е уште полошо, некој и ја украл и торбата, но сеедно таа на натпреварот завршила како победничка.
Ингрид Марија Ривера ги победила 29-те конкурентки во натпреварот за убавина во Порторико, но на бината не се покажала во најдобро светло- двапати пред жири комисијата излегувала со непријатни црвени пликови, а подоцна е утврдено дека некој фустанот и шминките и ги испрскал со спреј за самоодбрана.
„Отпрво мислевме дека е алергиска реакција или трема, но кога се исипа по втор пат, знаевме дека не може да биде случајност“ изјавил портпаролот на изборот Харолд Росарио.
Убавицата пред три години ги претставувала Карибите на избор за Мис на светот па останатите кандидатки на изборот во Порторико се побуниле затоа што според нивното мислење е преискусна и„нема што да бара меѓу аматерките“.
Медиумите Ривера ја прогласиле за фаворитка уште пред почетокот на натпреварувањето, а организаторите велат дека случајот ќе го истражат без полиција.
Несекојдневно е да се наиде на шише вода продадено за 52650 евра Сепак, овој „еликсир“ за богатите наречен „Аква ди кристало трибуто“ (Acqua di Cristallo Tributo), со помалку од еден литар тежина, ...
Сопственикот на платформата OnlyFans, Леонид Радвински, бизнисмен од украинско потекло, профитирал повеќе од 630 милиони долари Оваа британска стриминг-компанија, позната по содржините објавувани о...
Ѕвездата на „Невозможна мисија“ и „Топ ган“ – Том Круз го украде вниманието на официјалното свечено затворање на овогодишните Олимписки игри во Париз синоќа Глумецот, со своите 62 години, се ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.