Српскиот кошаркар во НБА Лигата, Предраг Стојаковиќ објави крај на својата богата 20-ет годишна кариера. Популарниот “Пеџа“ точка на кариерата стави во дресот на Далас Маверикс освојуваќи ја титулата минатата сезона во НБА Лигата.

Стојаковиќ на кој заштитен знак му беа “тројките“ првите чекори во кошарката ги направи во Црвена Звезда, потоа продолжи во Паок, Грција. Својата афирмација во “ал стар“ Стојаковиќ ја доживеа во дресот на Сакраменто Кингс каде играше осум сезони, следуваа четири сезони во Њу Орленас Хорнерс. Кратка авантурва српскиот репрезентативец имаше во Торонто и Индијана.
34-годишниот кошаркар печат во НБА Лигата остави со 1761 погодена тројка, што го смести на четвртото место на вечната листа и високиот процент на прецизност (89.5%) од слободните фрлања.
Мх.П.