Фудбалерот на Моркам Кристијан Мбулу бил пронајден мртов во својот дом. Мбулу имал 23 години.

Полицијата навела дека не станува за насилна смрт или самоубиство и дека кога ќе биде извршена обдукцијата ќе биде објавена причината за неговата смрт.

Дефанзивецот во Моркам пристигнал во јануари оваа година. Забележал три настапи за овој тим во Лига 2. Во кариерата играл и за Милвол и Мадервил,а пред да се пресели во Моркам бил играч и на Кру.

OhridNews