
Настрана шегата и мајтапењето, во оваа “направија”, влегоа и многу чесни човечки души, или економски баратели, за што знаеше и официјална Софија, ама така и чинеше. Можеби некој не, ама јас редовно ја забележував госпоѓа Јотова, официјално, потпретседател на Република Бугарија, на патот за “балгарските вилаети”: Пустец и Голо Брдо во Албанија. Таму, етничките Македонци, ги преобразуваше во Б,лгари! Како што не ми промакнуваше и бај Каракачанов, лидерот на ВМРО БНД, актуелен потпретседател на Владата и министер за одбрана.
Но, ако имам разбирачка за сиромашните граѓани (а тоа е вина на нашата држава!), како да имам за оние кои го гостеа Каракачанов во хотелите и меаните среде Охрид? Сопственици на многу доходовни фирми!. Да, парите немаат политичка боја и национална нитка, особено за докажаните арамии. Сеедно, дали од бизнисот, или од политиката.
Извадок од колумната на Веле Митаноски во „Либертас“.
OhridNews











