
” Сега сосема не е важно дали главата на урбаниот октопод е во кабинетот на охридскиот градоначалник, како што тврдат некои од градежните изведувачи и инвеститори, или пак кај некои од нив, како што тврди градоначалникот. Ситуацијата постанува алармантна и поради самиот факт што УНЕСКО од највисоко место ни порачува, дека Охрид ќе го загуби патронатот, поради лоштото менаџирање со градот” – појасни Митаноски.
Говорејќи за, како што рече, за неверојатната атака и загрозеност на просторот, особено во градското јадро, Веле Митаноски напомена дека само минатата година, бројот на склучените договори за градби е поголем од 200. Многу стамбени висококатници најнапред се градат, а дури потоа се внесуваат во основните урбанистички планови. Се градат наводни “студентски хотели”, како објекти од општествен јавен интерес, а се продаваат како стамбени единици. Комуналии се компензираат преку станови, долгови со цесии и асигнации, преку јавни претпријатија основани од локалната самоуправа, или пак во лична сопственост на градските татковци, рече Митаноски.
“Што уште треба да се случи за МВР и Обвинителството да постапуваат по предметите од Инспекторатот за градежништво, со цел профитерите, кои безмилосно ја трошат иднината на Охрид, и сите други што се огрешиле од законите, конечно да бидат санкционирани и соодветно да одговараат”- праша Митаноски.











