– Министерот за култура, врз основа на предлогот од Комисијата, одлучи дека Стефоски, кој е член на македонското и меѓународното друштво на компаратисти и зад себе има учество на повеќе специјализирани семинари, конференции и работилници од областа на литературата и книжевноста, ги исполнува општите и посебните услови утврдени со Конкурсот, а во согласност со доставената Програма за работа и развој на установата, поседува стручни и професионални квалитети за извршување на оваа значајна функција, нагласуваат од министерството.
Оттаму додаваат дека од доставената предлог-програма во својот осврт, Стефоски, јасно и прецизно го позиционирал местото на „Струшките вечери на поезијата“ во севкупната македонска, но и светска култура.
– Детектирани се слабостите и апострофирани се целите согласно кои установата би можела оптимално да работи на реализација на годишните активности, но и на унапредување на фестивалот. Кандидатот предлага посебно тело за развој на стратегија и за развој на уметничките содржини, кое воглавно ќе придонесе за унапредување на работата на установата, а со тоа и на уметноста. Канидатот при тоа потенцира дека работата на установата мора да биде во текот на целата година со т.н. офф програмски содржини во контекст на фестивалот, велат од министерството за култура.
Во информацијата на надлежното министерство се додава дека доставената програма е опсежна и во голема мера нуди нови содржини за унапредување на фестивалот со надополнување на содржини и активности од други дејности од типот на музичко-сценски перформанси, се со цел унапредување на фестивалот и негово промовирање.
На конкурсот за избор на директор на „Струшките вечери на поезијата“ се пријавиле 11 кандидати.