Полицискиот службеник Митко Печоски е избран за најдобар полицаец од Секторот за внатрешни работи од Охрид за 2013 година.

Во рамки на одбележувањето на Денот на македонската полиција, благодарност за неговото успешно извршување на работните задачи,упати секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески кој во име на локалната самоуправа и градоначалникот Никола Бакрачески на Печоски му врачи пригоден подарок.

Ова признание ми е чест и задоволство и поттик во понатамошното работење. Ако се сака професијата не претставува тежина, само треба да се извршува професионално. Ова нека биде слика за идните генерации како треба да си ја вршат работата во министерството. Се докажав во професионалното извршување на работите и во откривање на повеќе кривични дела во СВР Охрид, изјави Печоски.

Секретарот Спасески на Печоски му посака во наредниот период да ги надоградува досега постигнатите резултати во работењето. Потенцира дека продолжува традицијата на доделување на признание за најдобриот полицаец како и успешната соработка со СВР Охрид се со цел мирен и безбеден град.

Сакам да изразам благдарност за соработката што ја имаме со СВР Охрид пред се во однос на мерките преземени за подигнување на безбедноста во градот. Резултатите се очигледни, Охрид е мирен и безбеден град, во кој охриѓани и гостите се чуствуваат сигурно. Соработката ќе биде уште поинтензивна во пресрет на летната туристичка сезона, рече Спасески.

OhridNews