Актуелниот раководител на Секторот за образование и култура во општина Охрид и член на Извршниот одбор на СДСМ, е највисоко рангиран охриѓанец на пратеничката листа во 5-тата Изборна единица на Социјалдемократскиот сојуз, што беше утврдена денеска на 12-от конгрес на партијата.
Велјаноски е четврти на листата во петката која ја предводи Јани Макрадули, а пред него се уште лидерот на ПЕИ Фијат Цаноски и битолчанката Весна Бендевска.
Носител во Втората изборна единица е Ана Павловска Данева, втор е Оливер Спасовски, а трет Горан Минчев. Листата во тројката ја предводи актуелниот градоначалник на скопската општина Карпош Стевче Јакимовски, а четворката градоначалникот на Струмица Зоран Заев, па кого следат генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров и уште една новинарка на А1 Ленче Николовска. Во Шестата изборна единица листата на СДСМ ќе ја предводи Стоилко Пауновски.











