По четири одиграни натпревари Македонската репрезентација е на скромното петто место во Групата за квалифакациите на Европското Првенство  во Украина и Полска. “Црвено-жолтите“ во  5-то коло  се среќаваат со Република Ирска во Даблин.  Последната четворка во одбраната ќе имаат сериозен испит да ги запрат искусните и пред се брзи напаѓачи на “детелините“.

–    Сакам да напоменам дека атмосферата во репрезентацијата е на завидно ниво, се подготвуваме како и за секој натпревар. Играме против доста квалитетна селекција а на тоа  алудираат и последните резултати кои се фасцинанти.  Тренерот на “детелините“ ни е познат тоа е италијанецот Џовани Трапатони а голем дел од фудбалерите играат во Премиер Лигата.  Несомнено е дека ќе биде тешко, треба да ги спроведеме сите тактички замисли на тренерот и со сите сили да се браниме. Се надевам дека среќата ќе ни се насмевне конечно и да оставариме позитивен резултат – за “Ohridnews“ изјави Игор Митрески.


Митрески кој е незаменлив во “црвено-жолтиот“ дрес неодамна доби принова во неговото семејство, сопругата на свет му донесе машко дете. На прашањето дали планира полека кариерата да ја привршува и да се врати во родната земја, Митрески одговори: Пресреќен сум по добивањето на мојот втор син во фамилијата, многу сум благодарен што е здрав и жив. Кога е во прашање кариерата, јас сум професионалец и секогаш давам максимум на натпреварите и тренинзите.

Мх.П.