“Секој натпревар треба да се сфати сериозно бидејки секој натпревар во репрезентацијата е доста важен, како за нас така и за рејтингот на репрезентацијата. Недостасуваат повеќе стандарни првотимци но тие што сме тука ќе дадеме се од себе да славиме на мечот во Корча – порача од Поградец, столбот на македонската одбрана Игор Митрески.
Еден од “сенаторите“ во националниот состав бранителот Игор Митрески кој на мечот со Албанија ќе го одигра својот 68 натпревар истакна дека подготовките течат според планот, а и покрај тоа што ќе настапиме во изменет состав репрзентатиците ќе го дадат својот максимум да забелжат нова победа.
– Доста разговаравме со селекторот Јонуз , мислам дека момците имаат респект кон повозрасните, ние пак ги респектираме младите и тоа дава една добра хемија во репрезентацијата. – смета Митрески.
Во отсуство на стандардните Пандев, Наумоски и Ристиќ, македонскиот напад ќе го предводи Иван Тричковски кој имаше повеќе од успешна презентација на воведните натпревари од квалификациите, добрата форма во кипарскиот шампионат каде ги тресе противничките мрежи очекува да ја потврди на мечот со Албанија во Корча.
– Задоволен сум, ми се даде шанса која мислам дека на солиден начин ја искористив. Но тоа не е најдоброто од мене, јас ќе продолжам напорно да работам, и да постигнувам уште повеќе голови. Тука сум да помогнам на секој начин бидејќи репрезентацијата за мене е светост, во нападот ќе фалат првотимците но сметам дека овде повиканите може да го надохнадат тој недостаток. Се надевам на добра игра која ќе резултира со добар резултат – истакна Тричковски.
Натпреварот против Албанија ќе се игра на стадионот “Скендербег“ во Корча кој има капацитет од десет илајди гледачи. Стадионот во измнатитот период претрпел големи измени и а по реновирањето првиот натпревар го одиграле минатата недела домаќинот Скендребег и Динамо од Тирана, кој завршил без победник 2-2. Пријателскиот натпреварот Албанија – Македонија е првиот меѓународен натпревар кој ќе се игра на овај стадион.
Ноќната трка која ќе се одржи вечер со почеток во 21 часот ќе го означи стартот на 10-то јубилејно издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“, која има богата програма утре и во недела кога ...
Од 5 до 7 јуни Охрид по 10ти пат повторно ќе живее во ритамот на трчањето, забавата и дружењето Над 2700 тркачи од 31 држава од светот ќе бидат дел од јубилејното 10 издание на атлетскиот викенд „О...
На 06-ти јуни (сабота), по повод Денот на Европа, ќе се одржи меѓународна велосипедска тура со над 80 учесници и дипломатски претставници во организација на Европска куќа од Струга Колоната, како ш...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.