Охридските бели во последниот натпревар од 14-та рунда во втората македонска фудбалска лига на “Атина Бојаџи“ ќе го пречекаат тимот на Новаци.

– На домашен терен сме во позитивна серија и се надевам дека таа ќе продолжи и на мечот со Новаци.  Со трите бода од овој натпревар ќе се доближиме до средината на табелата и ќе направи солидна предност пред екипите кои борат опстанок – истакна најдобриот стрелец во охридскиот состав со седум погодоци Филип Митрески.

Мечот од втората лига помеѓу Охрид 2004 и Новаци се игра во 13 часот.

Мх.П.