Фудбалерите на Охрид 2004 беа на чекор до поволен резултат на гостувањето кај екипата на Миравци. Со погодокот од далечина на Јаков домаќините успеаа да слават 2-1 и да стигнат до трите бода.


– За разликата од претходните гостувања, на ова во Миравци одигравме добро и незаслуживме да изгубиме. Имавме повеќе прилики од домаќините за победа, но не ги искористивме. Следен противник ни е Новаци, тим кој мора да се добие – истакна Филип Митрески.


Охридските фудбалери во претпоследното коло од есенската полусезона на домашен терен го пречекуваат тимот на Новаци.

Мх.П.