По неколку годишна пауза на активното играње на кошарката и се врати Гоце  Митрески кој со 23 поени беше еден од најзаслужните во триумфот на охридските колибри над Лирија во последниот меч од лигата.

Митрески кој покрај капитенската, ја има и тренерската улога во тимот е задоволен првенствено што кошарката се врати во Охрид и секако на серијата победи со подмладениот тим.  – Желбата за активно играње гледјаќи ги малите “колибри“ од ден на ден растеше кај мене и се одлучив со своето искуство да им помогнам на младите кошаркари во клубот што побргу да созреат. Огромно единство владее во нашиот тим, а секоја победа е огромен подвиг и уште поголем мотив за понатаму. Во третата лига има доста кошаркари кои свовремено настапувале и во најсилното македонско првенство, а само со нашата пожртвувана игра оставјаќи го “срцето на терен“ успеваме да се носиме со далеку поискусните тимови. Напорно и ангажирано тренираме од
самиот старт на сезоната, за што секако се заслужни нашите тренери Весна Балазоска и
нејзиниот помошник Исмаил Даут
. – вели Митрески, кој очекува домашната публика да приствува во поголем број на кошаркаските натпревари.

Во наредната рунда, охриѓани гостуваат во Струга на тимот на Црн Дрим. Митрески очекува тврд меч кој ќе го одлучат нијанси.  – Очекувам тврд натпревар, но јас верувам во нашиот колектив , како играчки така и тренерски кадар и очекувам во петок да ја славиме нашта четврта победа. Многу жалам што немаме 100 % скор во победи, бидејќи на првото гостување несреќно загубивме од екипата на Феникс во Скопје. – рече Митрески , кој истакна дека атмосферата во струшката сала ќе биде дополнителен притисок за младите охридски кошаркари.

Езерската пресметка Црн Дрим – Колибри се игра в петок со почеток во 19.30 часот.

М.П.