Поранешниот репрезентативец Христов од самиот почеток најави дека младите се почесто ќе добиваат шанса во дресот на Металург. Во кроењето на екипата за втората полусезона, Христов го вмента и 20-годишниот охриѓанец Филип Митрески кој во редовите на Металург дојде од Охрид 2004.
– Почетокот беше тежок, друг град, друга приказна. Голема благодарност на моите соиграчи кои одлично ме прифатија и секогаш беа тука да ми помогнат. Иднината во “зелениот“ дрес е светла, изобилуваат фудбалери од младинскиот погон а тука се постарите да не научат како да ги оствариме своите соништа – потенцираше Митрески.
Зимските услови и временските прилики не му дозволија на Металург добро подготовки. Долго време“зелените“ беа во Скопје, еден период во Негорски Бањи за да финишираат во Охрид.
– Условите за тренинг беа лоши, снегот ги поремети сите планови на стручниот штаб за подготовките. Работевме напорно, дел од тренинзите се одвиваа во сала и теретана. Мислам дека се спремивме добро, низ низата пријателские средби во Охрид покажавме дека ќе се наметнеме во борбата за првото место во шампионатот – заврши Митрески.
Поранешниот фудбалер на Охрид Лоте и Охрид 2004, во есенскиот дел од сезоната за “рибарите“ настапи на десет меча постигнувајќи еден погодок.