Двоецот на голот од Охрид од минатата сезона, Кирил Колев и Благојче Трајковски го поминаа првиот можеби и последниот рез од селекторот Лино Червар кој се однесува на голманската позиција во пресрет на Мундијалот во Франција.
Од четворицата голмани кои беа на првиот список отпадна чуварот на Бенфика, Никола Митрески, а покрај Колев и Трајковски резот го помина и голманот на Вардар Јуниор, Даниел Ѓорѓески.
Од играчите првото скратување на списокот не го поминаа ракометарите на Металург, Никола Костески, Давор Палевски и Горан Крстевски.
Македонската ракометна репрезентација подготовките на 20 декември, а Мундијалот започна н 16 јануари. „Црвено жолтите“ во текот на подготовките ќе одиграа три контролни средби со Босна и Херцеговина по кои Червар ќе треба да го објави конечниот список.
Составот:
Голмани: Кирил Колев, Благојче Трајковски, Даниел Ѓорѓески
Леви крила: Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Бојан Маџовски,
Десни крила: Гоце Георгиевски, Мартин Поповски
Пикери: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски
Леви бекови: Велко Маркоски, Филип Лазаров, Филип Талески, Марко Нелоски, Ристо Арнаудовски, Мартин Манасков, Јовица Младеновски.
Централни бекови: Филип Миркуловски, Стефан Дрогришки, Ласко Андоновски
Десни бекови: Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Влатко Митков.
OhridNews