Еден од најзаслужните за ремито против Русија е голманот Никола Митревски. Вториот голман во селекцијата на Македонија во вториот дел ја оправда довербата која му ја довери селекторот Шундовски со неколку фантастични интервенции.

– Многу ми е драго што дадов голем придонес во ремито против Русија. Секој од нас кога е на теренот размислува само како да и помогне на селекцијата. Сите ракометари одигравме феноменално и вистинска штета шо не направивме комплетен пресврт – посочи Митревски.

На последнот натпревар од групата голманскиот тандем ќе имаат тешка задача да го запрат нападот на европскиот првак Данска.

– Тие имаат многу квалитетен напад предводен од Хансен. Но во данскиот состав не е само тој затоа мораме да одиграме многу квалитетно за да избориме нов добар резултат – заврши Митревски.

Мх.П.